Чести прашања и одговори

Како да се регистрирам на вашиот веб сајт?

Регистрацијата на порталот sinpeks-shop.mk е многу едноставна. Во горниот десен агол се наоѓа копчето “Регистрација”. Кликнете на „Регистрација” и тоа ќе ве однесе на страната за регистрирање. Потоа ќе треба да одберете дали се регистрирате како физичко лице или како фирма. Во полињата е потребно да ги внесете вашите податоци (сите податоци се задолжителни за внесување) и потоа кликнувате на копчето “Регистрација” и потоа регистрацијата мора да ја потврдите од Вашата email адреса со клик на линкот за регистрација и готово!

Постапката за нарачка и регистрација е сликовито објаснета во Упатство за порачки.

Како да го најдам вистинскиот резервен дел или додатна галантерија за мојата машина или друг производ?

Многу едноставно. Кога се наоѓате на страната Производи, на десната горна страна има опцијата Пребарај за производите и тоа можете да пребарувате по име/модел на производ (тука се внесува името/моделот на вашата моторна пила, апарат за перење, правосмукалка и сл.) или по име/модел на резервен дел или галантерија (тука се внесува името/моделот на мачот/дизната/филтерот). Исто така на некои производи има можност за филтрирање на производите.

Постапката за нарачка и регистрација е објаснета чекор по чекор во Упатство за порачки.

Доколку Ви е потребна дополнителна помош, контактирајте не на email: shop@sinpeks.mk или на тел. 047/208 500.

Колкави се трошоците за испорака?

За сите нарачки што го надминуваат износот од 6000 денари, испораката е бесплатна за плаќање со картичка или на профактура на целата територија на Република Македонија. Доколку плаќате во готово, ќе треба да ги платите плус трошоците за достава на готовината до нашите простории од страна на брзата пошта.


Достава преку

0-5 кг.

5-25 кг.


Карго Експрес
120 ден./130 ден. 130 ден./180 ден.

Нова Пошта
120 ден. 200 ден.

* Цената се договара индивидуално.

Можни се варијации од 10-15% во горенаведените цени на достава.

СИНПЕКС ДОО Битола го задржува правото на измена на прикажаните цени за достава.

Кои се предностите доколку купувам online?

Купувањето преку Интернет (online купување) пред се ви штеди време и пари, бидејќи можете да купувате и да ги добиете прозиводите во Вашиот дом или од било кое место каде што ќе имате пристап до интернет. Плаќањето можете да го извршите со помош на Вашите кредитни/дебитни картички, да платите со профактура или во готово при преземање на стоката (износот на плаќање во готово може да биде лимитиран).

Дали испораката на производите е сигурна?

Секако. Компанијата СИНПЕКС ДОО Битола која стои зад е-продавницата sinpeks-shop.mk е реномирана компанија со 27 годишно искуство на продажба на машини и друга опрема на македонскиот пазар. Повеќе за испораката прочитајте во услови за испорака (политика на испорака) на нашата е-продавница.

Испораката на нарачките се врши во рамки на работното време на СИНПЕКС ДОО Битола (пон.-чет. од 08:30-16:30 ч.; пет. од 08:30-15:30ч;) Освен месеците јуни, јули и август испорачуваме и во саботи од 09-13ч. Сите испораки се вршат само во градови и населени места во Р. Македонија. Нарачките со адреса на достава во Битола, пристигнуваат во првиот нареден работен ден или во рок од 24-36 часа. Доколку адресата на достава е друг град / населено место, надвор од Битола, рокот на испорака е 48-60 часа, односно вториот работен ден по приемот на уплатата/нарачката.

Што доколку производот не е ист како на описот?

Преку sinpeks-shop.mk нема да се врши испорака на производи кои не одговараат во целост на описот од веб-страната. Производите што се поставени за продажба на sinpeks-shop.mk се опишани според повеќе параметри како: сегмент, група, бренд, код на СИНПЕКС ДОО Битола, OEM код, итн. со цел да се добијат најточни информации за истите.

Доколку за одреден производ сте порачале повеќе парчиња отколку што имаме тековна залиха, или пак имаме алтернативен производ (друг бренд, двојно пакување и сл.), ќе Ви го понудиме алтернативниот производ со истовремено ослободување на резервираните средства од Вашата картичка. Доколку ја прифатите алтернативната понуда, ќе треба да направите повторна нарачка.

Сепак, доколку и покрај се производот кој сте го добиле не соодветствува со поставениот опис, можете да побарате поврат на средствата или процентуален попуст кој не може да надмине 10% од вредноста на погрешно испорачаниот производ/производи. За повеќе информации прочитајте ја внимателно политиката на враќање.

Дали производите кои ги продавате на вашата веб страна се нови?

Да. Сите производи кои се продаваат на sinpeks-shop.mk се нови, неотпакувани и неупотребувани.